Џонсон: Можеме да најдеме решение за ирската граница

од desk2
95 прегледи

Изнаоѓање решение за границата со Ирска во преговорите на Британија со ЕУ за напуштање на Унијата, не е „вон памет“, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

– Мислам дека заедно можеме да најдеме решение за тој проблем. Имаме заедничка туристичка зона меѓу северна и јужна Ирска и ќе продолжиме да работиме на тоа, изјави Џонсон на состанокот на министри за одбрана и надворешни работи во Талин.

Од друга страна, ирскиот шеф на дипломатијата Симон Конвеј изјави дека физичката граница меѓу Ирската Република и Северна Ирска по Брегзит ризикува децении мировни преговори и британските решенија досега не биле доволни.

– Не можеме повторно да имаме физичка граница на ирскиот остров што ќе создаде бариери меѓу заедниците, и тензии што ќе го поткопаат мировниот процес граден 30 години, изјави Конвеј во Талин.

Прашањето како Ирската Република и Северна Ирска ќе се граничат по Брегзит е многу чувствително со оглед на децениските насилства за тоа дали покраината треба да биде дел од Британија или Ирска.