Епизодата на цртаниот Пепа Прасето за „пријателските пајаци“ повлечена во Австралија

од desk2
145 прегледи

По жалбите на гледачите во Австралија од програмата е повлечена контроверзната епизода на популарната детска ТВ серија Пепа Прасе, која зборува за пријателски насторените пајаци.


Пепа Прасето, на децата им е многу познат лик, во епизодата од 2004 година, од својот татко добива совет да не се плаши од пајакот кој влегол во нејзината соба, па таа му нуди чај и кревет за да преноќи.

Тато Прасе на исплашената Пепа и вели дека пајаците се „многу многу мали“ и дека не можат да ја повредат, што во Австралија, земја во која живеат опасни видови пајаци, се смета навредливо и опасно, како и неприкладно за тамошната публика.

Од мрежата ABC порачаа дека епизодата не е прикажувана на ТВ, но по грешка е објавена на интернет поради технички проблеми.

https://www.youtube.com/watch?v=BQqFvHFwKqg