Ураганот Ирма e над Флорида. Гувернерот Рик Скот постапи по сопствените препораки и самиот ја напушти Флорида. Милионскиот Мајами, каде треба да помине ураганот со јачина од 4 категорија , е град на духови . Ветрот веќе дува со јачина од 160 километри на час , а крајбрежјето се подготвува за поплави.
Претходно ураганот го погоди северниот дел од Куба со јачина од максимални пет степени, со ветришта кои носеа се пред себе со брзина од 215 километри на час. Во моментот на напуштање на Куба , ураганот ослабна на трета категорија , но повторно достигна до максималните пет.
Следна по Флорида е Џорџија , од каде веќес евакуирани 540 илјади жители . Веднаш по Ирма , јужните делови на САД ќе бидат погодени и од ураганот Хозе , кој ќе биде од трета категорија со брзина на ветрот од 193 километри на час.
По него следува ураганот Катја , кој ќе го поплави и сега веќе уништеното крајбрежје на Мексико.