Мајми го погодија ветришта со брзина од 160 км/ч

од desk2
180 прегледи

Ураганот Ирма го погоди Мајами на Флорида, кој е еден од најголемите градови во САД, а чие подрачје претставува дом за 5,5 милиони жители.


Таканареченото „око на ураганот“ го погоди денеска југот на Флорида, околу 13 часот по наше време, а Мајами кој се наоѓа на околу 150 до 200 километри источно во послениот час бележи удари на ветрот со бризина до 160 км/ч.

Ирма во моментов е ураган од четврта категорија, кој може да достигне брзина на ветрот до 200 км/ч. Улиците на Мајами се празни, а по нив се движат само најхрабрите репортери кои ја известуваат јавноста за јачината на бурата, а околу нив ветрот корне сообраќајни знаци и крши дрвја.

Метеоролозите предвидуваат дека до утре Ирма ќе спадне на ураган од трета категорија, затоа што копното по правило ги слабее ираганите кои се „хранат“ од топлината на океанот. Патот на ураганот оди кон севет каде накрај ќе заврши како тропска депресија над средината на САД.

Hurricane Irma makes landfall in Florida Keys

Live pictures from West Palm Beach and other parts of Florida as Hurricane Irma makes landfall.

Публикувахте от ABC7NY в Неделя, 10 септември 2017 г.

Слични содржини