Вест Хем победи, Билиќ се спаси од отказ

од Vladimir Zorba
129 прегледи

  Хрватскиот тренер Славен Билиќ кој вчера го прослави својот 49-ти роденден успеа да ја прекине серијата од три порази по ред и дури во четвртата рудна од Премиер лигата предводејќи го Вест Хем ја забележа првата победа.

Вест Хем го совлада новиот премиерлигаш Хадерсфилд, тим кој го претрпе првиот пораз, а според англиските медиуми, Билиќ по овој триумф се спаси од отказ.

За разлика од Билиќ, Холанѓанецот Франк де Бур ја изгуби тренерската функција во Кристал Палас, откако тимот што го предводеше ги загуби сите четири средби оваа сезона.

Со трите бода Вест Хем избега од дното на табелата и сега е 18. во друштво на едно место погоре пласираниот Лестер.

Хадерсфилд со 7 бода е на делба од 5-9. позиција./МИА