Груевски – Брглез: Приоритет останува членството во ЕУ и НАТО

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доцна синоќа се сретна со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез со кого разговараше за стратешките приоритети на Македонија и за актуелните случувања во Македонија и регионот. 

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било посочено дека приоритет останува членството во Европската Унија и НАТО и оти на тој план е добредојдена поддршката од секоја држава членка на овие организации.

– Беше изразена благодарност за поддршката на Република Словенија која е добредојдена во остварување на македонските приоритети, при тоа стана збор и за сериозноста со трендот на опаѓање на економската активност, забавување и падот на инвестициите, како и предизвикот со мигрантите кој е реалност, се вели во соопштението.