Министерството за одбрана на Русија одобри план за модернизација на оперативно-тактичките модерни ракетни комплекси Искандер М.

Новата модификација на балистичките ракети за системот Искандер може да се користи за да продрат под земја и да уништат утврдувања или зајакнати темели на пунктови на непријателот, пренес е„Спутник“.
Се очекува овие системи во различни модификации руската војска да ги користи во наредните 20-30 години, изјави пред новинарите главниот инженер на Конструкторското биро за производство на машини Валерија Кашин.
„Продолжуваме со конструкторската работа на правење нови ракети за комплексот Искандер М. Тој постојано се развива. Направени се неколку типови ракети. Од надвор тие не се разликуваат, ама внатре – кардинално. Во моментот имаме седум видови ракети, а може да ги има и повече’, реле Кашин.
Игор Которченко, воен експерт и главен уредник на магазинот „Национална одбрана“, за Спутник вели дека Искандер и натаму спаѓа во одбранбено оруѓје, без обзир на новите модификации.
„Комплексот Искандер е високопрецизен ракетен комплекс кој не нарушува ниедна спогодба која Русија ја потпишала, конкретно мислам за Спогодбата за намалување на бројот на ракети со среден и мал домет, која е на сила од 1987 година.“
Воениот експерт Дмитриј Корњев, главен уредник на порталот „MilitaryRussia.ru“, за СПутник вели дека суштината на современите руски ракетни комплекси се состои во тоа да на една ракета, зависно од потребата, може да се постават различни боеви глави, како и разни системи на неведување.
„На балистичките ракети се користат боеви глави, а може да биде поставена и високоексплозивна боева глава. За така напреден систем како што е Искандер би било чудно да не постои боева глава со нуклеарно полнење. Слична е ситуацијата и со крстосувачките ракети кои исто можат да се испалуваат од тоја систем“.
Корњев нагласува дека пред одредено време се појавила и модификација на балистичките ракети за системот Искандер, која може дури и да се користи за да продре под земја и да уништи утврдувања и ли заканати темели на контролните пунктови на непријателот.
„Искандер е универзален и повеќенаменски ситем од кој можат да се испалуваат крстосувачки и балистички ракети, што овозможува тој систем да се користи во локални конфликти, така и во високоразвиени операции, но и во случај на масовен конфликт и голема војна. Тоа му дава голема флексибилност на системот“, објаснува Корњев, кој верува дека со новите модификации не се нарушува Сопгодбата со Вашингтон за намалување на бројот ракети со мал и среден домет.
Искандер М може да уништува непријателски ракетни системи, повеќецевни рактени фрлачи, далекуметна артилерија, командни места, врски, авиони и хеликоптери на аеродроми, на растојание до 500 километри. Поради тоа Искандерите се гаранти за рамнотежа на силите во Европа.
Потсетуваме, Русија распореди мобилни балистички ракетни системи со краток домет на Искандер М во Калининград во октомври 2016 година, како одговор на одлуката на НАТО да прати четири мултинационални борбени групи и дополнителна воена опрема во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.