
“Не верувам дека некој ќе се налути, бидејќи ова се само препораки кои би требало да важат во сите институции,” рекла претседателката на градското собрание на Стариот Град на Хвар, Силвана Сансеовиќ.
На мажите им се препорачува класично одело со вратоврска или без неа, панталони, чисти чевли, уредни и чисти нокти и коса, подкастрени бркови и брада и чисто тело. Сите би требало да ги избегнуваат блузите без ракави, апостолките и влечките, мрежести мајци, блузи и кошули без брусхалтер, гол грб и рамења, проsирни ткаенини, кратки панталони, облека преку која се надзира долната интимна облека, наочари за сонце, искинати и валкани чевли…
“Не препорачавме ништо што не е во склад со домашното воспитување или вообичаени правила кој секој граѓанин а особено службеник би тебало да ги познава и практикува. Станува збор за бонтон на западната цивилизација”, додала Сансеовиќ.