Шведската поп група АББА ја планира светската турнеја, повеќе од три децении по последниот официјален распад во 1982 година.
Легендарниот состав сепак нема да присуствува лично, иако се собра за настап во 2016 година. Наместо тоа музичарите ќе бидат пресоздени во “дигитални аватари” за турнеја на виртуелната реалност во 2019 година, иако сите членови на АББА се живи.
“Тоа е совршено! Ние можеме да бидеме на сцената додека ги шетаме нашите кучиња”, изјави Бени Андерсон од групата за “Хералд сон”.
“Дури не е потребно да ја напуштам куќата. Ако тоа навистина функционира, ќе има многу други уметници, кои ќе сакаат да го сторат истото, дури и млади луѓе”, додаде тој.
Досега користењето на холограми за музички изведби беше резервирано за изведувачите, кои веќе не се меѓу нас. Но, со оглед на пословичниот страв од летање на пејачката Фалтског, тоа сигурно е достојна (и економична) опција за турнеја.
Холограмот се очекува да ги рекреира музичарите во својот врв кон крајот на 1970-тите.