Ќе се оддржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи “Статуафест”

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Во сабота  во Гевгелија со почеток во 18 часот ќе се оддржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи “Статуафест”.

СТАТУАФЕСТ е уличен уметнички фестивал за живи статуи поддржан од Министерството за култура на Р.М. како дел од проектот “Нов културен бран”.

Живите статуи се уметност којашто е застапена речиси во секој дел на Европа и воопшто во светот. Ваквиот вид на уметност е навистина многу специфичен но исто така и многу малку застапен во нашата земја. За да го доближиме овој вид на уметност до нашите граѓани, решивме да создадеме проект кој ќе ја претставува токму живата статуа.

На СТАТУАФЕСТ свое учество ќе земат седум извеудувачи – живи статуи, двајца актери кој ќе ја изиграат уличната танго – пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, Марија Бејкова и Дарко Велјиќ и како заокружница на целиот настан со свој ДЏ сет ќе настапи ДЏ – Чарли.

Како живи статуи ќе настапат: Театроск – „Лулашка“ Д Дарлинг – „Виолинистка“ Филип Илиев – „Принцот“ Тони и Фона – “Чаплин и детето“ Дарко Велјиќ – „Човекот на клупата“

За време на настапот на статуите свој пијано – акустичен музички сет ќе имаат одличните Наталија & Влатко.

СТАТУАФЕСТ ќе биде поставен во камерен формат. Фестивалот почнува во 18:00 часот и трае до 23:00 часотнајавуваат од  Театроск.