
Под мотото ,,Допри ја светлината ,, со премиерата на краткиот филм ,,Крајот на времето,, на режисерот Милчо Манчевски и проекцијата на бугаско-македонскиот филм ,,Насоки,, на Стефан Командарев на синоќа во Битола почна 38 издание на интернационалниот фестивал на филмската камера ,,Браќа Манаки“
Фестивалот го отвори претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов,кој пред присутните гости од државата и странство потсети на заслугите на браќата Манаки, како и за уметничката примена на светлината.
- Наспроти разликите, сите филмови имаат едно нешто заедничко, а тоа е контрастот меѓу темнината и светлината.Затоа кога ни се чини дека темнината натежнува и ситуација изгледа безнадежна, треба да се сетиме на зборовите на еден наш поет дека ноќта е најтемна пред разденување Светлината најјасно свети во најмрачните моменти, таа светлина ни дава надеж и сила да продолжиме да чекориме кон нејзиниот извор , да продолжиме и да не се откажуваме , рече меѓу другото Иванов кој како покровител на фестивалот му ја врачи ,,Златна камера 300,, за животно дело на годинашниот лауреат , францускиот кинематографер Пјер Лом.

Публиката во салата на ,,Домот на културата,, со долг стоечки аплауз го проследи доделувањето на наградата на Пјер Лом
Пјер Лом рече дека е многу задоволен што една од наградите му припадна токму на великанот Џузепе Ротуно, кој според него покажал што се може да направи кинематографијата. Тој исто така истакна и дека кинематограферите се луѓето кои ја овозможуваат филмската уметност и затоа е среќен што фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави токму кинематографијата.
-Во оваа пригода би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги филмаџии,а посебно кинематографери, бидејќи тие се оној „прв човек зад камерата“ што ни покажува од каде почнал филмот, токму оние што биле зад камерата и ги снимале подвижните слики се првите филмаџии. Што се однесува на мене, сметам дека имав многу среќа во животот затоа што работев со луѓе на кои што филмот им беше најважната работа во животот и се надевам дека овој фестивал ќе успее на вам да ви ја долови таа страст – рече Пјер Лом

На гала отворањето на фестивалот се одржа и перформанс во режија на Нела Витошевиќ , а на кој настапија актерите Сашко Коцев, Драгана Костадиновска , Денис Абдула ,танчерот Агин Бафтим и студенти од одделот за современ танц при факултетот за музичка уметност од Скопје.
Триесет и осмото издание на ИФФК,, Браќа Манаки,, има 10 различни филмски програми кои денес продолжуваат на различни локации во битолскиот центар за култура.
Свеченоста на отворањето на фестивалот беше во знакот и во чест на доделувањето на лауреатите на двете награди за животно дело „Златна камера 300“, на великаните на светската кинематографија, Пјер Лом и Џузепе Ротуно, а заврши со проекциите на филмовите „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски и „Насоки“ во режија на Стефан Комадарев и кинематограферот Веселин Христов, прв од главната селекција.
Публиката во полната сала на Центарот за култура со громогласен аплауз реагираше на емотивниот говор на благодарност од првиот годинашен лауреат на Златна Камера 300 за животно дело, славниот италијански кинематографер Џузепе Ротуно, кој не беше во можност да дојде во Битола, но преку видео порака и’ се обрати на публиката во Македонија и рече: Ви благодарам многу за оваа награда, му благодарам на фестивалот Манаки, за вашата волја да ми ја дадете наградата и тоа ми е големо задоволство“.
Во име на Ротуно, заслужен за над 80 филмови кои ја дефинираа европската кинематографија, наградата ја прими неговиот некогашен студент, а сега и самиот кинематографер – Лука Коасин. Тој беше почестен од оваа можност и задоволен што фестивалот „Браќа Манаки“ го одликува делото на овој значаен кинематографер.
Коасин ја замоли публиката во салата да аплаудира за да ја сними и таа снимка да му ја покаже на Ротуно.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пак, која ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија, оваа година за прв пат и’ припадна на институција, а не на личност. Претседателот на ДФРМ, Роберт Насков и’ ја посвети наградата на најстарата продуцентска куќа во Македонија, Вардар Филм, која оваа година одбележува 70 години од формирањето.
-За жал Вардар филм веќе не постои, па затоа нема кој да ја прими наградава. Ова е на некој начин постхумно доделување на наградата и тоа ја покажува нашата негрижа за културата и традицијата. Со оваа награда ДПФМ сака да им оддаде почит на сите кои биле вработени во Вардар филм и на тој начин придонеле за развојот на македонската кинематографија – рече Насков.
Пред почетокот на проекциите на краткометражниот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски и „Насоки“, филмот во македонско-бугарско-германска копродукција, свое обраќање имаше претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Иванов говореше за контастот на темнината и светлината, и интересот на браќата Милтон и Јанаки Манаки кои ја купиле првата камера на Балканот за светлината ставена во уметнички контекст.
Новиот краток филм на Манчевски „Крајот на времето“, во Битола ја имаше својата македонска премиера, а по проекцијата на „Насоки“, пред публиката се поклони дел од филмската екипа, предводена од продуцентите Владимир Анастасов и Ангелина Несторовска од „Сектор филм“, како и актерите и кинематограферот Христов.