Мозокот функционира десет минути по клиничката смрт

од desk2
130 прегледи

Мoзочната активност продолжува повеќе од десет минути по смртта, покажа новото истражување на тим лекaри од универзитетот во западно Онтарио во Канада, а може да доведе и до нови медицински и етички предизвици.

Канадските лекари кои работат на одделот за интензивна нега забележале дека човековиот мозок продолжува да работи и откако ќе се востанови клиничка смрт на пациентот.

Во случај на кој присуствувале, лекарите констатирале смрт на пациентот врз основа на вообичаени знаци, отсуство на пулс и непостоење каква било реакција. Меѓутоа, тестовите покажале дека мозокот продолжuва да функционира, а мозочните бранови работеле како во тек на сон.

Само еден од четири пациенти покажале долготрајна и мистериозна мозочна активност, додека активноста кај повеќето пациенти престанала пред да сопре срцето. Но, секој мозок се однесувал поинаку во минутите по смрtта, зголемувајќи ја мистеријата за тоа што се случува со секој од нив кога ќе умрат.

Лекарите не ја знаат причината ниту целта на овие мозочни активности и многу се внимателни во изведувањето какви било заклучоци. Сепак, уверени се дека не се работи за грешка со оглед на тоа дека медицинските апарати се исправни, а со нив се следела мозочната активност.

Претходно лекарите веруваа дека активноста на мозокот сопира една минута по смртта, но тие истражувања беа темелени на глувци и истражувачите не најдоа сличност со човекот.

Што се случува со телото и со умот на човекот по смртта во потполност останува мистерија за научниците. Во две студии објавени минатата година истражувачите утврдиле дека гените продолжуваат да функционираат и со денови по смртта.