78
Драган Васиљковиќ познат како капетан Драган (62) осуден е денеска во сплитскиот Жупаниски суд на единствена казна затвор од 15 години, јавија хрватски медиуми.
Тој е прогласен за виновен по две обвиненија – злоставуавње затвореници на Книнската тврдина и напад врз полициска станица во Глина.
Хрватски медиуми објавуваат дека капетан Драган бил прв командант на српските паравоени сили Книнџи. По војната се пресели во Австралија каде подоцна е уапсен и испорачан во Хрватска која го бараше за воени злосторства.
Судот во Хаг почна со истрага за Васиљковиќ во 2005 година, но истрагата беше прекината бидејќи беше одреден рок до кој судот мора да престане со работа и веќе немаше време тој да биде под истрага и осуден, јавија хрватски медиуми.