Според истражувањето на Clinic Compare, Чешка е најмалку здрава земја на светот, а првите девет од десет места ги заземаат земји од источна Европа.
Откако собрале податоци Светската здравствена организација ги анализирале консумацијата на алкохол, тутун и преваленциите од гојазност во 179 земји од светот.
Според резултатите од нивните анализи Чешка е најнездрава земја на светот. Наводно, секој човек во Чешка годишно пие 13,7 литри алкохол. Кoга станува збор за консумација на тутун, Чесите се најдоа на 11 место.
Второто место го зазеде Русија, која ја следат Словенија, Белорусија, Словачка и Унгарија.
Со оглед на тоа дека десет од десетте први земји на листата се од источна Европа, овој регион е окарактеризиран како најнездрав на светот. Единствен исклучок е САД, која дели десетто место до Литванија.
Според нивните податоци најмногу гoјазни луѓе има во Океанија, додека најздрава земја на светот е Авганистан.