Најконтроверзната личност во моментов, Доналд Трамп повторно изненадува со своите изјави, па така, само три години по нејзината смрт, тој во радио интервју изјавил дека таа била луда, но дека тоа е ситен детаљ во споредба со нејзината убавина изјавувајќи и дека се кае што немал секс со неа.

-Иако беше луда, таа беше премногу убава, висока, имаше преубава кожа.Едноставно беше магична, објаснува тој
За време на интервјуто ја оценува принцезата како една од најубавите жени на светот и изјавува дека таа е дел од неговите 10 омилени.
На прашањето поставено од радио водителот дали смета дека би можел да биде со принцезата Дајана, тој вели „Мислам, дека би можел“.
Тој исто така се шегува дека пред да има можност да има секс со неа најпрво би и дал тест за ХИВ.
Инаку сегашниот претседател на САД и принцезата Дајана имале можност да се сретнат на неколку настани, меѓу кои и на хуманитарниот настан кој се одржал во Њујорк во 1995 година.