Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најзаслужен за нерешениот резултат на Нант против Рајн Некар Ловен на домашен терен 26:26.
Лазаров вечерва постигна шест голови без промашување, а во финишот беше стрелец на гол за намалување на водството на бундеслигашот на 25:26, за потоа Никола Турно да го изедначи резултатот. Во последниот напад РНЛ не реализираше удар од 7.метри. Голманот на Нант Сирил Думолин го одбрани ударот на Андре Шмит, кој со осум голови беше најефикасен на натпреварот.