Алит Абази, носителот на независна советничка листа предложена од група избирачи во Кичево, кој што поплднево беше ранет се наоѓа на операција со тешки повреди на абдоменот и рбетот, информирата за тв 24 од ургентниот центар во Скопје.
Оттаму велат дека Абази пред операцијата бил во стабилна состојба, очекуваат зафатот да потрае , а за исходот ќе информирата утре.
Неговиот шеф на изборен штаб, пак Дестан Абдиу кој што беше застрелан во бутот на десната нога и е хоспитализиран во Клиничкиот центра е во стабилна состојба.
На трето поврденото лице, Шабан Далипи му беше укажана помош во болницата во Кичево.
Полицијата го приведе напаѓачот Абдула Абдули што попладнево во близина на судот и полициската станица пукаше во трите лица. А најден е и пиштолот од кој што е стрелано./24Вести