Пет жени со кандидатура на претседателските избори во Словенија

од desk2
91 прегледи

На претседателските избори во Словенија што ќе се одржат на 22 октомври годинава, ќе учествуваат осум кандидати, а меѓу нив се пет жени.

Сузана Лара Краусе

Кандидатот на Словенечката народна партија (SLS) вели дека претставува ново лице во политиката, што според неа е предност во однос на другите кандидати.

На изборите ќе учествуваат и претседателот на партијата Нова Словенија (NSI) Људмила Новак, Романа Томц од Словенечката демократска партија (SDS), додека Партијата на модерниот центар (SMC) ја кандидира министерката за образовани Маја Маковец Бренчиќ.

Кандидатурата на пензионираната учителка Ангелца Ликовиќ ја поддржува конзервативната партија Глас за децата и семејството, а во претседателската трка ќе учествуваат и градоначалниците на Копар Борис Поповиќ и на Камник Марјан Шарец.

Според предизборните истражувања, најголем фаворит е актуелниот претседател Борут Пахор, а мнозинството аналитичари сметаат дека единствената дилема е дали на 22 октомври ќе добие повеќе од половина од гласовите или ќе биде потребен и втор круг.