Одбраната на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поднесе жалба на решението за притвор. Неговиот адвокат Дончо Наков одби и денес да се изјасни пред камерите, но кратко изјави дека жалбата е врз основа на меѓународната потерница, која според него е во спротивно со Кривичниот законик, информира АлсатМ.
Според Наков, неговиот клиент, кој веќе издржува 30-дневен притвор како осомничен во случајот “Титаник”, имал албански патни документи кои му овозможиле да патува од Македонија во Албанија и обратно.
„Испочитувани се сите законски процедури. Темелко се појавувал секоја среда пред властите во Македонија, односно во Судот во Преспа за да докаже дека не е во бегство. Што содржи нашата жалба, ќе зборуваме по одлуката на Апелација.“ – изјави Дончо Наков, адвокат на Едмонд Темелко
Главната специјална обвинителка Катица Јанева денеска одби да ја коментира жалбата на одбраната во овој случај.
СЈО го обвинува Темелко за манипулации при локалните избори во 2013 година. Освен Темелко во “Титаник” се обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски и министрите во неговата влада, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришковска-Бошковска и Миле Јанакиески. Меѓу 20-те обвинети се и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Освен поранешните шефови на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети се и функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО, побара притвор за нив, но судот го одби./извор АлсатМ