Русија планира да подигне ограда меѓу Крим и Украина, пренесуваат руските медиуми.

Пограничната управа на Федералната служба за безбедност на Русија за Крим соопшти дека на границата на Крим и Украина ќе подигне ограда долга 50 км.
Како што се наведува во соопштението, оградата ќе биде подигната во интерес на безбедноста на Крим кој Русија го анектира во 2014 година.
Оградата ќе биде висока 2,4 метри, а изградбата ќе чини повеќе од 3.000.000 евра. Пред и зад оградата е бидат поставени „инженерски препреки“.
Работите треба да завршат до 20 декември.
Пропишано е дека конструкцијата на оградата мора да биде отпорна на сложените климатски услови, вклучувајќи и влажност до 98 отсто и температура од плус 65 степени.