Подготвивме документ, нова ера за наредната декада, откако ова помрачување што го донесе СДСМ ќе си замине, а тоа ќе се случи на локалните избори на кои народот ќе го даде своето мислење за градоначалници и советници, изјави вечерва на митингот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржан во Гостивар, претседателот на партијата Никола Груевски.
Граѓаните на Гостивар, како што рече, преку својот глас даден за кандидатите на Коалицијата ќе одберат продолжување на изградбата на заедничка држава, општество во кое сите граѓани ќе живеат во слога и мир, без поделби, омраза, со меѓусебна почит.
– Во Гостивар во годините на нашето владеење се реконструираа патишта, завршена е филтер станицата за вода со што трајно е решено обезбедувањето квалитетна вода за пиење. Работевме на унапредување на здравствената инфраструктура, за подобро образовние, изградивме спортска сала, фудбалско игралиште, отворивме нова детска градинка, реализиравме проекти од културата, рече Груевски.
Во новата ера, како што додаде Груевски, ќе се продолжи со уште поголеми проекти и дела: нова детска градинка, изградба на стационар за кучиња скитници и дислокација на депонијата, како и многу други проекти и затоа исклучително важно е на 15 октомври да излезат сите со поддршка за нова ера во Гостивар.
Таа, ги наброја покрупните проекти кои се дел од програмата за локалните избори.
– Главна цел во мојата програма ќе биде зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на сите гостиварчани и поквалитетен живот за младите, децата, возрасните и пензионерите. За младите гостиварци ќе има покриен базен, враќање на старото, познато гостиварско корзо, реконструкција на спортски сали, поддршка на талентирани ученици и студенти, нова велосипедска патека и игралишта. За возрасните изградба на катни гаражи, изградба на индустриска зона, изградба на Центар за рециклирање на отпад, канализациона мрежа, а за пензионерите Дом за стари лица со капацитет од 100 луѓе, рече Стојаноска.
Од говорницата се обрати и Лоран Страшески носителот на листата за членови на општинскиот совет, кој рече дека во Гостивар од памтивек сме живееле заедно и Македонци, Лабанци, Турци, Роми, Срби и Македонски муслимани. – Така било и ние ќе се бориме да остане така. Муслтиетничноста е богатство, а не хендикеп, додаде тој.
На митингот зборуваа и претседателите на ромските партии Коалициони партенри, Шабан Салиу и Амди Бајрам./МИА