Законот стапи на сила: Се венча првата германска геј двојка

од desk2
132 прегледи

Законот за право на брак за истополов двојки денеска стапи на сила во Германија, а веднаш склопен е првиот истополов брак меѓу двајца мажи.

Во градското собрание на берлинската населба Шенеберг, пред околу стотина пријатели и гости, Карл Креле и Бодо Менде рекоа „да“ како прва истополова двојка која стапи во брак според новиот закон кој денеска стапи на сила, јавија агенциите.

Законот беше изгласан во парламентот во јуни со што Германија стана 23 земја во светот која ги дозволува истополовите бракови.

Ширум Германија, во текот на денешниот ден се очекуваат слични церемонии.