Дури 660 кг тежи најголемата тиква во Хрватска која ја одгледал Ивица Рибариќ, а победи на 12. Товарнички есенски фестивал.

На второ место беше тиквата тешка 440 кг, а трето место тиквата тешка 380 кг.
Победникот си замина со награда од речиси 1.000 евра.
„Тоа ми е хоби во последните десет години, а во својата градина имам неколку големи тикви. Семето за оваа најголема тиква го нарачав преку интернет од Англија, сорта antlantic giant. Семето го ставив во сад со земја на 8 април 2017 година, а во градината е посадена на 20 април и растеше околу 160 дена на површина од 100 квадрати“, вели Рибариќ.