Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а на повеќе места повремено значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти со седум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.