Заев: ВМРО ДПМНЕ се пакува и во куферите се и новата ера и новата далавера

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Лидерот на коалицијата „За живот“ Зоран Заев синоќа од Куманово изрази оптимизам дека Куманово ке го добие Максим Димитриевски за градоначалник уште во првиот круг.
-Верувајте штом е тука и мојата сопруга Зорица Заева и таа сака да биде на оваа победничка атмосфера. Има една тажна вест, но не за вас туку за Груевци. ВМРО ДПМНЕ е поделена,ги пакуваат веке куферите а во нив е и новата ера и новата далавера – им порача на Кумановчани.
Заев зборуваше за лажиран развоен буџет.
 На финансиски урнисана држава за три ипол месеци донесовме социјални и економски мерки за подобар живот. Ја исправивме неправдта со стечајците. Никој нема да плака радио дифузна такса, граѓаните плаќаат даноци од нив ке се одвојува за МТВ кој мора да биде независен и да биде сервис на граѓаните.
Заев ги наброи и другите мерки што влдата што тој ја предводи направила во 100 те денови власт.