Заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји, истакна дека е исклучително важно Македонија да се противи на руското влијание.
Во интервју за 360 Степени кое ќе се емитува вечерва во 22.30 часот на Алсат, Ји истакна дека Македонија треба да работи во насока на зајакнување на независни медиуми и да ги избегне, како што рече, дезинформациите од Русија.
„Гледаме дека Русија се обидува да го обесхрабри, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ.
Важно е Македонија да работи со нас, со ЕУ и со партнерите во регионот, да продолжи да се противи на малигните влијанија од било кој извор кој ќе дојде, да продолжи да ја јакне независноста на медиумите, важно е да има силни, професионални, независни медиуми кои ќе се спротивстават на дезинформациите од Русија или други извори.“ – изјави Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар на САД