Војник – јунак по масакрот во Лас Вегас, со камион превезувал ранети

од desk2
118 прегледи

Ветеран од војната во Ирак, Тејлор Винстон за време на нападот во Лас Вегас украл камион и со него превезувал ранети во болница.


Војникот кој има 29 години се нашол на концертот на кантри музика, во друштво на пријатели, кога Стивен Педок почнал да пука во масата народ, при што усмрти 59, а рани повеќе од 500 луѓе.

Поранепниот маринец, како што пренесуваат светските медиуми, најпрво помислил дека се работи за петарди, а потоа видел луѓе што пашаат како покосени околу него.

Го напуштил концертот, но место да бега, украл еден камион во кој немало возач, и почнал да собира ранети и да ги одвезува во болница.

„Јас и пријателот најдовме еден камион во кој имаше клучеви. Почнавме да ги возиме жртвите, свртевме неколкупати и се обидовме да им помогнеме на луѓето најдобро што можеме, додека не стигна брзата помош“, вели Винстон.

Додава дека превезле најмалку 24 лица, а по доаѓањето на службите за спасување, организирале пружање помош на настраданите.

„Се плашам дека некои умреа… Не можам да бидам сигурен, но мислам дека некои не се извлекоа, но се надевам на најдоброто. Лут сум што се случи ова“, додава Винстон.