Сите поголеми европски земји веќе биле мета на терористички напади: Британија, Франција, Германија и Шпанија, иако во тие земји е забележан помал број илегални мигранти.

Зошто во Италија, како земја која е полна со туристи, се уште не се случил ни еден смртоносен напад на џихадистите?
Колку за пример, во Италија влегле 82 отсто илегални имигранти, од севкупниот број илегални мигранти кои влегле во Европа.
Најинтереснот објаснување е она кое ја застапува тезата дека Италија е исклучок, затоа што италијанската мафија успеала да ги спречи џихадистите да се групираат и да организираат напади. Таа теза е заснована на еден пример.
„Забележавме дека италијанските мафијаши имаат поголема контрола во јужниот дел од земјата, а поголемиот дел од муслиманите живеат на северот на земјата, но дури и таму не се формирани гета ниту живеат во веќе постоечките“, вели Артуро Варвели од Меѓународниот факултет за политички студии во Милано.
„Во еден дел, тоа мора да биде под контрола на мафијата“, се сложува и локален полициски командант, но додава дека голема улога во сузбивање на тероризмот има полицијата, која во тоа има големо искуство.
„Борбата против организираниот криминал на нашите служби им даде големо искуство и тоа токму во надзорот на цврсто поврзаните помали групи. Сто така, имаме искуство од процесот на надзор на левите и десните терористички келии кои делувале во Италија во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век“, вели тој за Економист.
Тамошните судови немаат проблем со издавање налози за надзор и прислушување. Во другите земји тоа оди малку потешко.