Иако многумина веруваат дека топла вода со лимон е добра за здравјето и дека поттикнува исфрлање на отровите од телото, нова студија покажа дека тоа е само мит.

Молекуларниот фармаколог и токсиколог од Универзитетот Аделаида и еден од авторите на студијата Јан Масгрејв, нагласува дека не постојат научни докази дека напитоци од типот вода со лимон влијаат на детоксикацијата.
Додава дека топла вода со лимон, иако нема ништо да им направи на токсините, ќе помогне при хидратација, зголемување на витаминот Ц и намалување на внес на калории во организмот.
„Умерени долготрајни промени во исхраната и вежбање помагаат при детоксикација на организмот, а некакви чудотворни напитоци“, вели Масгрејв.
Освен тоа, вели и дека собирањето токсини во човечкиот организам е глупост.
„Постои врежано мислење дека се таложат токсини, а тоа не се случува. Во поголем дел од случаите токсините брзо се исфрлаат од организмот. Од друга страна пак некои токсини се растворливи во масти и доколку се внесуваат побрзо отколку што метаболизмот работи, ќе се наталожат во мастите, но никаква количина сок или потење не може да ги исфрли“, вели тој.