Кафуле во суд во Торино бара затвореници да послужуваат судии

од desk2
69 прегледи

Кафулето во рамки на судот во Торино, Италија бара баристи со невообичаено професионално минато: затвореници или поранешни затвореници кои бараат начин повторно да се вклучат во општеството.

Градскиот совет во средата го откри планот за кафулето во кое се послужуваат околу 900 вработени во судот, стотици магистранти, адвокати и други.

Барот во моментот е затворен, но ќе се отвори за неколку месеци, а портпаролот на советот вели за AFP: „Ова е дел од напортие да го хуманизираме престојот во затвор на осудените. Да се има работа преку ден, контакт со други луѓе, ќе им помогне да се реинтегрираат во општеството и ќе им биде полесно кога ќе им заврши казната“:

Не е јасно како осудените „вооружени“ со зрна кафе, ќе реагираат кога ќе треба да го послужат обвинителот кој ги затворил.