Осудена на седум дена затвор оти не сака да го вакцинира детето

од desk2
231 прегледи

Ребека Бредоу од Мичиген осудена е на седум дена затвор затоа што одбила да ја спроведе судската одлука за вакцинација на детето, јави BBC.


Нејзиниот поранешен сопруг, врз основа на судска пресуда доби привремено старателство над нивниот деветгодишен син да може да го вакцинира.

Врз основа на законот кој е на сила во Мичиген, на родителите им е дозволено да ги прескокнат или да ги одложат вакцините, во согласност со нивните уверувања.

Бредоу го прекршла законот затоа што не го испочитувала договорот со поранешниот сопруг постигнат во ноември 2016 година дека нивниот син ќе биде вакциниран.

Таа и нејзиниот пораншен маж, по раѓањето на детето, одлучиле да живеат одвоено, кога донеле привремена одлука за одлагање на вакцинацијата.

Таткото сега сака нивниот син да прими вакцина.