Албанците се откажуваат од ИД годинава не заминал ниту еден во Сирија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

  Во изминатите десет години најмалку 120 албански граѓани се прклучиле кон терористичката Исламска држава, а на боиштата,пред се во Сирија, се убиени повеќе од дваесет.

Овој податок е изнесен на Форумот „Граѓанскиот сектор против насилниот екстремизам“одржан во северниот албански град Скадар,на кој посебен акцент беше ставен на законските прописи и начинот како да се идентифкуваат екстремистите.

– Благодарение на законските иницијативи,годинава во Сирија не заминал ниеден наш граѓанин.Но,фактот дека сега нема, 8не треба да значи дека нема да има подоцна. Ангажраноста на сите повикани е неопходна. Потребни се посебни програми и политики, -изјави Клејда Нѓела од албанскиот хелсиншки комитет.

Според неа проблем и понатаму е третирањето на овие лица,посебно  на лицата кои се вратиле од боиштата,но и на нивните семејства.

Албанија има усвоено национална статегија за борба против насилниот екстремизам а лани усвои и закон со кој се забранува учество во странски војски а за албанските државјан кои учествуваат во нив предвидена е казна затвор во траење до 15 години.