Утрово заврна првиот снег на планините по што Маврово и Попова Шапка беа покриени со снег од околу еден сантиметар.

Хидрометеоролошки завод прогнозира дека во текот на денот врнежите од снег на планините ќе продолжат.
Инаку, денеска времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 20 литри на метар квадратен, претежно во западните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, на моменти до 70 км/ч.
Утринската температура ќе се движи од пет до 15, а дневната од седум до 16 степени.
Во Скопје слично време, облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.