Оваа планина е посмртоносна од Еверест

од desk2
86 прегледи

Таа е една од најубавите чуда на природата, но истовремено е и најсмртоносна.

Планината Hoerikwaggo или Tafelberg, како што ја викаат во Африка, или Планината Маса, се наоѓа во Кејптаун, во Јужноафриканската република, и секоја година дочекува повеќе од милион туристи. Сепак, не се враќаат сите живи од тој поход.

Планината со рамен врв е висока само 1.085 метри и често е обвиена со густи облаци. Качувањето изобилува со живописно диво цвеќе, а од врвот имате поглед на цел град и на отворено море.

Меѓутоа, бајковитиот изглед може да ве доведе до погрешен заклучок. Таа е посмртоносна од Монт Еверест.

Од клубот на планинари во ЈАР објаснуваат дека многумина мислат дека лесно е да се качиш на Планината Маса, бидејќи е висока само 1.085 метри, но повеќето го занемаруваат фактот дека качувањето не е едноставно. Секоја година поради тоа страдаат 10 до 20 луѓе.

Повеќето кои се качуваат заталкуваат и дехидрираат. Многумина се затекнати од нагла промена на времето, а последните години се гине и за подобро селфи.

За споредба само на Планината Маса меѓу 2010 и 2011 година загинале седуммина, а на Еверест четворица.

Според базата на податоци за несреќи во јужноафриканските планини, од 1980 година на Планината Маса до сега загинале 131 човек. Најсмртоносна била 2009 година, кога загинале 15 луѓе.

Стручните лица велат дека за тоа се виновни неадекватната подготовка за различни временски услови, или банални работи како заборавање мапа, топла облека или да го наполнат телефонот.