Британците имаат уште седум дена да ги потрошат монетите од 1 фунта

од desk2
81 прегледи

Само уште седум дена им останаа на Британците да ги потрошат старите монети од 1 фунта, затоа што компаниите по 16 октомври веќе нема да можат да ги прифатат. Новата необична монета место кружен облик ќе има 12 страни, а почна да кружи во Британија во март, и постепено ги заменуваше старите.


Од 16 октомври округлата паричка нема да може да се искористи повеќе според законот. Сепак, ќе остане можноста тие да се вратат во поштенските уреди и по тој датум.
До сега се вратени 1,2 милијарди кованици, но уште 500.000.000 сè уште се во оптек.

Royal Mint од 28 март воведе паричка од 1 фунта со цел да се спречи фалсификување, а една од 30-те стари верзии се смета за лажна.
Новата монета е опишана како најсигурна на светот, со низа детали кои оневозможуваат фалсификат, вклучително и материјал во неа внатре кој може да се открие со електронски скенер.

Сепак имаше проблеми со воведувањето на новите парички. Прво најголем проблем се јави со автоматите на паркинзите, кои требаше да се прилагодат на новата пара.