
Уникатни снимки се појавија на интернет мрежата на кои се гледа како останки од вонземјаните биле однесени на носилка по инцидентот во Розвел, за кој се смета дека е катастрофа на НЛО.
Инцидентот се случи во 1947 година во областа 51, информира весникот „Мирор“. Првично, армијата потврди дека станува збор за несреќа на вонземјани, но неколку дена подоцна јасно стави до знаење дека тоа е воен балон.
Сега љубителите на теориите на заговор тврдат дека има нови кадри кои јасно покажуваат како медицински персонал однесува телото на вонземјанин од местото на несреќата и тоа се прави на носилка. Кадрите не се со многу добар квалитет и се поставени на YouTube. Еден натпис подолу вели дека се направени во Розвел.