Првата дама на Турција пие чај од 1.800 евра, а затвора сообраќај поради шопинг

од desk2
154 прегледи

Емина Ердоган, првата дама на Турција, важи за жена со стил и скандали, непримерни изјави, лесно троши пари, а ја критикуваат оти носи хиџаб. Таа за себе вели дека живее како секоја традиционална муслиманка.

Сепак, многу извештаи и слики од сите меридијани за Емина зборуваат поинаку. Таа сака да купува скапа дизајнерска облека, антиквитети и чевли. Има обичај додека нејзиниот сопруг води разговори поради неа да се затвораат скапи шопинг центри. Тоа го направи во Брисел. Купуваше пет часа, а дури на еден час беше затворен сообраќајот во градот.

Во Варшава, на саем на антиквитети за едно попладне потроши 37.000 фунти. Во Грција беше поскромна, па купи седум пара чевли за 850 евра.

Иако се фали дека сама суши овошје, од друга страна не е тајна дека Емина и нејзиниот сопруг живеат во палата од 600 милиони евра и 1.000 соби. Исто така, светските медиуми открија дека таа најмногу сака да пие посебен бел чај од 1.800 евра, по килограм.

Дознаа и дека ѕидовите на палатата се прекриени со свилени тапети што чинат 2.800 евра по ролна, а околу 400 соби имаат двојни врати кои чинат по 42.000 евра, а годишно за струја семејството Ердоган троши по пет милиони евра.

Жената која со Ердоган е веќе 40 години го дели и доброто и злото, на почетокот не учествуваше во политичкиот живот на својот маж, а потоа се најде во центарот на локален скандал.

Беше шеста година од владеењето на турскиот претседател. Турција, тогаш и понатаму беше дел од неизвалканото наследство на Ататурк, па не го поднесе најдобро стајлингот на Емина Ердоган. Поточно, станува збор за претставници на организацијата „Жените на европска Турција“, кои ја обвинија Емина дека носела хиџаб за време на патувањата во странство и така на неточен и неправилен начин го претставила лицето во меѓународната јавност.

Меѓутоа се остана на тужба, а по иницијалните вести за ова ништо повеќе не се дозна.

Инаку, нејзиниот став по прашањето на покривање беше спорен и кога се мажеше. Мајката на Ердоган не го одобрувала бракот затоа што таа не била целосно покриена, што бил прв камен на сопнување за младата брачна двојка.

Контроверзната Емина изјави: „Сметам дека жените во светот ги заслужуваат сите социјални и политички права. Вистинската жена не треба да принесува жртва за баланс на силите и безбедноста на некои жени. Затоа сметам дека нашата борба за мир, демократија и слобода треба да продолжи со голема одлучност. Сакам уште еднаш да повторам дека ги отфрламе двојните стандарди и дискриминација“.