(Видео) Еминем го прозва Трамп во новата песна

од desk2
130 прегледи

Американскиот рапер Еминем има нова песна во која се нафрли на претседателот на САД, ДОналд трамп, кого го исме како „камиказа кој веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст.

Еминем го критикуваше Трамп во четириминутното видео емитувано синоќа во рамки на доделувањето на хип-хоп наградите BET, а во песната неколкупати се осврна на нападите на Трамп на лигатан на американскиот фудбал NFL, наведува AP.

„Се фокусираме на тоа наместо да зборуваме за Порторико или за правото на носење оружје во Невада. Сите тие ужасни трагедии, а нему му е досадно и побрзо ќе предизвика бура на Твитер со Пекерси“, рапува Еминем.

Тој ја завршува песната наведувајќи дека луѓето кои не го поддржуваат американскиот претседател ја сакаат земјата и војската, но го мразат Трамп.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=LunHybOKIjU