Парагвајците се најголемите губитници во јужноамериканските квалификации за СП во 2018 година. Имено, во последното коло тие мораа да ја победат отпишаната Венецуела за да би биле во комбинација, но загубија и тоа со гол во 84. минута.

Сепак после мечот, селекторот на Венецуела, Рафаел Дудамел откри еден мошне интересен детал.
„Ние пред мечот имавме неколку посети во хотелот. Станува збор за жени, Парагвајците на тој начин пробаа да не подмитат. Тоа се стари стратегии, иако изборот на девојки беше убав. За среќа немаше никакви искушенија и ние им ги земавме сите три бода. Времињата се променија, фудбалот евалуираше“, изјави селекторот на Венецуела.
Парагвај да победеше ќе завршеше на петото место кое води во дополнителни квалификации и ќе играше против Нов Зеланд. Но на нивно место сега е Перу кој го фати последниот воз./SportClub