Важна одлука: Gucci повеќе нема да користи крзно

од desk2
66 прегледи

Луксузната модна марка Gucci повеќе нема да користи крзно, соопшти извршниот директор на компанијата.

Италијанската модна куќа ќе направи промени во својата колекција пролет/лето 2018 година, а сите останати предмети од животинско крзно ќе ги стави на аукција.

Оваа одлука значи дека Gucci повеќе нема да користи крзно од канадска куна, којот, диво куче кое личи на ракун, лисица, зајак и астрахан, персиско крзно од јагне кои се убивани уште како фетуси или неколку дена по раѓањето.

„Да се биде општествено одговорен една од темелните вредности на компанијата Gucci. НИе ќе настојуваме и понатаму да работиме во корист на околината и животните“, рече извршниот директор Марко Бицари.

Додаде дека одлуката делумно е донесена благодарение на креативниот директор Александар Мајкл кој на позицијата беше именуван во 2015 година. Приходите собрани од аукцијата за распродажба на досегашните крзна ќе бидат донирани на организациите за заштита на животни Human Society International и LAV.