(Видео) Што е тоа? Мистеријата од гратче во близина на Розвел која предизвикува паника

од desk2
89 прегледи

Непрекинат нискофреквентен шум веќе со децении ги мачи жителите на гратчето Таос во Ново Мексико.

Веќе неколку децении жителите на гратчето Таос во Ново Мексико ги опседнува мистериозен звук. Се работи за непрекинат нискофреквентен шум кој некои го споредуваат со оддалечен звук на дизел мотор. Постојаната изложеност на звукот предизвикува главоболка, несоница, мачнина, па и проблеми со дишењето.

Иако може да се чуе со голо уво, различни удери за детекција на звукот не успеаја да го регистрираат. Во Таос се пратени бројни истражувачки тимови за да ја утврдат причината за звукот, но никој не успеал во таа задача.

Шумот прв пат е пријавен во раните 90-ти од минатиот век, а професорот Џо Малинс од универзитетот во Ново Мексико открил дека го слушаат околу 2 отсто од 5.000 жители на градот Таос. Звукот се појавува одненадеж, многу е тивок, а луѓето го слушаат барем еднаш неделно.

Сведоците велат дека звукот посилно се слуша во мали затворени простории како автомобили и куќи што дополнително придонесува за бизарноста на ситуацијата.

Недостаток од стручно објаснување ја прави оваа појава податлива за многу теории на заговор. Некои тврдат дека звукот е производ на вонземски активности, што е дополнително оправдано од фактот што Таос е на 500 км од Розвел, во кој во 1947 година наводно паднало НЛО.

Други веруваат дека шумот е поврзан со проект на американската војска која веќе рабтеоел на испитувања на нискофреквентни звуци во минатото, додека трети претпоставуваат дека се во прашање природни феномени односно болест на органот за слух кај луѓето кои го слушаат.

Новите истражувања претпоставуваат дека шумот во Таос може да биде последица на два длабокоокеански бранови со иста фреквенција кои патуваат во различни правци.

Необјаснивите звуци не се резервирани само за ова американско гратче, имено ги слушаат низ цел свет. Ако имате подобра опрема, дотичниот шум може да го слушнете на оваа снимка на YouTube.