Изборниот материјал подготвен. Комисиите точно на време на своите позиции. Сите седум Избирачки места во основното училиште Љубен Лапе во Аеродром беа отворени на време. Според избирачките одбори, набљудувачите, но и она што го видовме на терен гласањето започна без никакви проблеми. Први гласаа членовите на избирачките одбори, а потоа и граѓаните, кои од овие локални избори очекуваат да се подобри квалитетот на животот во Општината, но и во градот.

„Да размислуваме што побрзо да го решиме проблемот со загадувањето, зашто мислам дека е есенцијален проблем за граѓаните на Скопје“,
„Хигиена, зеленио, грижа од „татковците“ на општините“, велат анкетираните граѓани.
Според претседателката на избирачкото место 2689 Татјана Михајловска, до 8 часот излезноста беше мала, но поголем одзив се очекува попладне и пред самото затворање на гласачките места.
„Гласачкото место е точно на време отворено во 07 часот, имаме набљудувачи од партиите и сега за сега нема никакви проблеми на почетокот. Овој период е послаба излезеноста, се очекува после 10 часот, значи во претпладневните часови и попладне после 16 часот тогаш очекуваме поголема излезност на граѓаните“, вели Татјана Михајловска – претседателка на Избирачки одбор
На избирачките места во Љубен Лапе беа присутни и набљудувачи на невладината МОСТ Според кои до 8 засега не се регистрирани никакви неправилности./24 Вести