Збогум на списокот за купување: Фрижидер сам прави селфи

од desk2
97 прегледи

Samsung измисли фрижидер со внатрешни камери кои сами прават селфи од она што го содржат во моментот и му праќаат на сопственикот на телефон. Проектот е претставен пред една година, а уредот стана хит.


Идејата е на преокупираните сопственици да им се прати информација за тоа што има од намирници за да не натрупаат храна., да ја фрлаат или да заорават да купат она што им е неопходно. Ова може да значи крај на списоците за купување затоа што сопственикот постојано може да види што му треба.

Фрижидерот предлага и рецепти, па дури и ја пали или гаси рерната. Samsung Family Hub има три камери кои ги фотографираат полиците секој пат кога ќе се затвори вратата и автоматски ги праќа на телефон. Камерите се на врвот во средината и на дното на вратата, а фотографијата се прави момент пред да се изгаси светлото во фрижидерот.

Неговата цена е 4,5 илјади евра, а постои и поевтина верзија која ја произведува Bosch и чини 1.066 евра. Има две камери, но го прави истото што и мделот на Samsung. Исто така, ви праќа предупредување ако ја оставите вратата отворена.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=koh3a5wYXGw