Италијанската марка “Гучи” објави дека уште од следната година ќе ги укине кожите од своите нови колекции, а сите кои останале, ќе бидат изложени на аукција.
Оваа мерка стапува на сила од колекцијата пролет-лето 2018 година, изјави Марко Бизари, претседател на компанијата во изјавата на Лондонскиот колеџ за мода.
Ова “ја покажува нашата посветеност да се направи одржливиот развој интегрален дел од нашиот бизнис”, рече тој.
Марко Бизари увери дека добиените приходи од аукциската продажба на последните преостанати парчиња кожна облека ќе бидат дадени на организации за заштита на правата на животните Humane Society International (HSI) и италијанската LAV.
Друг познат италијански луксузен бренд, Армани, најави во 2016 година дека повеќе нема да вклучува кожени облеки во своите колекции.