103
Уставниот суд на Шпанија денеска соопшти дека законот за референдум за независност кој на 6 септември го усвои Владата на Каталонија е ништовен, рече портпаролот на оваа институција.
Судот првобитно го суспендира законот за референдум додека траеше процесот на проучување на неговата легалност.
Властите на Каталонија не го чекаа изјаснувањето, туку го спроведоа референдумот на 1 октомври.
Владата на Шпанија смета дека гласањето било нелегално.