Албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање на средбата со лидерите на Самитот 100 кој се оддржува во Скопје, за тоа што им порачал албанските партии во Македонија во врска со вториот круг од изборите, рече дека денешната средба немала никаква врска со локалните избори. 
– Таа средба немаше никаква врска со изборите. Изборите се случуваат овде, тоа е работа на партиите во Македонија. Албанија и јас лично немаме врска со ова прашање. Изборите се спроведуваат во нашата соседна пријателска држава Македонија, рече Рама
Ахмети-Рама: Албанија е заинтересирана за политичка стабилност на Македонија
На Самитот учествуваа над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Србија и Косово, а клучна тема беше поврзувањето меѓу земјите од регонот на сите нивоа. На Форумот беше потпишан Меморандум за меѓусебн разбирање и соработка на самитската платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан