Германски Der Spiegel: НАТО не е подготвен за евентуален напад од Русија

од desk2
98 прегледи

Германски Der Spiegel објави таен извештај во кој се предупредува дека НАТО не е подготвен да се спротивстави на хипотетички напад од Русија. Високи воени службеници би сакале да се вратат командните структури кои ги користел за време на Студената војна.

Откако Русија го анектира Крим 2014 година, Западната алијанса се подготвува за одбрана своите територии од агресор, доколку дојде до тоа. Но, бирократијата поврзана со меѓународните граници на 29 држави членки што ќе воспостават конвојски сили треба да бидат поефикасни од кој било руски тенк. Но, тоа не е единствен проблем.

Од јуни во Брисел кружи таен документ под назив „Извештај за напредокот по прашањето на јакнење на капацитетот за одврачање и одбрана на Алијансата“ во кој се наведуваат слабостите, а властите се шокирани од заклучокот дека логистичката поддршка за брзо зајакнување на просторно подрачје кој го покрива оперативниот простор SACEUR закржлавел од Студената војна.

На НАТО му недостасува сила: ниски натоварувачи за контејнери, теренски автомобили за тешка опрема и модерни мостови кои може да носат огромни тенкови од 64 тона како Леопард 2. Значи, постои тешка опрема која не може да биде транспортирана.

„Моменталниот статус не влева доверба дека НАТО е подготвен да одговори брзо и одржливо“, се наведува во извештајот.

НАТО не би бил подготвен да се бори против Русија – немаат доволно службеници, луѓе и средства. Ова е потполно хаотична ситуација со оглед на тоа дека Западниот сојуз е воено надмоќен и сигурно во подобра економска ситуација отколку автократскиот режим на рускиот претседател Владимир Путин.

Ретко кој мисли дека Русија ќе го нападне НАТО, но многумина во алијансата веруваат дека само веродостојна воена сила ќе го спречи Путин да врши притисок на источните земји како Естонија, Латвија и Летонија.

Три години по анексијата на Крим, алијансата се соочува со далечна цел на реструктуирање. Сега повторно мора да се подготват за големи воени конфликти затоа што мора да бидат способни брзо да се заканат на непријателот или да бидат од помош на своите членки во напад. Мора да бидат способни за брза мобилизација и поддршка без оглед за каков вид барање, дестинација или должина на операција или мисија станува збор.

Министрите за одбрана на 29 членки на НАТО потпишаа наредба за реформирање на командната структура на алијансата уште во февруари.

„Признаваме дека ни е потребна адаптација и модернизација на алијансата и нејзините командни структури. Норвешка е посветена командната структура на НАТО да остане релевантна и силна“, рече норвешката министерка за одбрана Ине Ериксон Сореиде.