Американскиот претседател Доналд Трамп ќе дозволи документите кои долго време се чуваа во тајност во врска со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди да бидат отворени. Шефот на државата рече дека бил под притисок да не ги декласифицира датотеките и да ги задржи истражните методи и наводните извори во тајност. На Твитер, тој го напиша има право како претседател, и ќе дозволи да бидат објавени по истекот на крајниот рок за нивната класификација од страна на американскиот Национален архив идната недела.

Тие треба да бидат објавени во четврток, речиси 54 години по убиството на Кенеди во Далас. Голем дел од досието поврзано со смртта на шефот на државата беше објавено по законот од 1992 година на тогашниот претседател Џорџ В. Буш.
Сепак, тој предвидел уште еден дел од нив да останат класифицирани во Националниот архив во наредните 25 години – термин кој истекува овој месец.
Во 1991 година, беше објавен филмот, “JFK” на Оливер Стоун кој се базираше на верзија на владин заговор против претседателот. Во тоа време беше формирана државна комисија за да се испита кои документи треба да се објават во врска со “убиството на векот”.
Џон Фицџералд Кенеди станал 35-тиот претседател на САД во 1960 година. Со 43-годишна возраст тој бил и најмладиот политичар во канцеларијата. Три години подоцна, на 22 ноември 1963 година, за време на посетата на Далас, Тексас, тој беше убиен. Според заклучоците на владината комисија формирана по неговата смрт, неговиот убиец е Ли Харви Освалд, кој дејствувал сам и не е заговор.