Бекам се бори со сериозно нарушување, и Викторија речиси ќе го оставеше

од desk2
77 прегледи

Фудбалерот Дејвид Бекам долго се бори со проблем заради кој неговата сопруга Викторија Бекам дури размислувала и да го остави.

Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија дефинитвно се еден од најпознатите двојки на светот. Но, она што ретко кој го знае е дека тој пати од опсесивно-компулсивно пореметување. Дејвид веќе со децении се бори со тој проблем, а тоа отиде до таму што Викторија за малку ќе го оставеше.

Во нивниот дом се мора да е во парен број, откри неодамна Викторија. Нејзиниот сопруг имал толкав проблем што знаел на сред ноќ да стане и да мете со правосмукалка. Имено, додека тој играше активно фудбал, често станувал среде ноќ додека сите спиеле, а сакал на тепихот да направи линии како на свежо искосен терен. Тоа своевремено го откри и самиот Дејвид.