Барселона изгласа буџет од рекордни 897 милиони евра

од Vladimir Zorba
83 прегледи

   На Генералното собрание на фудбалскиот клуб Барселона беше изгласан буџет за сезоната 2017/18. Официјално одобрени се околу 897 милиони евра со што каталонскиот тим донесе историски најголем буџет.

Од присутните делегати за буџетот гласаа 391, против беа 68, додека воздржани 49.

Историските бројки доаѓаат по многу силна сезона на приходи – 708 милиони евра.

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау ги претстави бројките за јавноста. Тој откри дека ако Нејмар не бил продаден во текот на летото, буџетските процени 2017/18 беа околу 795 милиони евра. Средствата собрани од трансферот на Бразилецот го „напумпаа“ новиот буџет. Благодарение на неговата продажба, проекциите се дека Каталонскиот клуб ќе оствари профит седмата година по ред, овој пат во вредност од 21 милион евра.